
Османи: Рокот за договор помеѓу власта и опозицијата трае до првото отварање на Уставот
Рокот кој му е даден на ВМРО-ДПМНЕ да размисли дали ќе гласа за уставни измени, односно за договор помеѓу власта и опозицијата за предлозите од последната лидерска средба, ќе трае се до почетокот на првото гласање во Собранието за отворање на Уставот. Ова од Струга го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
– Ние работиме на две паралелни патеки, во опозицијата во целина и посебно со пратениците. До денот на пленарната седница кога ќе има прво гласање, отворени се опциите да има договор со опозоцијата по однос на уставните измени – рече Османи.
Тој се надева дека наскоро Владата ќе го испрати предлогот до Собранието.
– Јас се надевам дека во следнио период од Влада до Собрание ќе биде препратен предлогот на уставната комисија и ќе почнат да течат роковите за да се дојде до првото гласање. До тој момент имаме шанси за договор со опозицијата – додаде Османи.