
Османи: Пасошите нема да важат по 12-ти февруари
Министерот вели оти грчките власти имаат целосно разбирање за техничките аспекти во процесот на издавање на новите лични документи и проблемите со кои се соочуваат граѓаните во земјава во тој поглед, но дека обврските кои се преземени со меѓународниот договор и натаму остануваат…
За личните карти нема дилема, но нема да има отстапување од меѓународниот договор за пасошите. Со старото уставно име нема да важат по 12-ти февруари, вели министерот Османи.
Наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор, дека ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани е да работиме граѓаните да немаат пречки после 13-ти февруари. Ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор ниту кои било измени на закони, кажа Османи.
„Дајте да се организираме до 12-ти февруари да завршиме колку што можеме повеќе. Потоа на 13-ти февруари ќе мислиме што останало како проблем и како тоа да го регулираме со грчката страна. Сметам дека е некоректно сега да им испратиме порака на граѓаните ’седете сега вие без грижа затоа што ние ќе средиме‘ и после да кажеме дека не сме успеале“, изјави министерот Бујар Османи на денешната прес-конференција.
Министерот вели оти грчките власти имаат целосно разбирање за техничките аспекти во процесот на издавање на новите лични документи и проблемите со кои се соочуваат граѓаните во земјава во тој поглед, но дека обврските кои се преземени со меѓународниот договор и натаму остануваат.
„Преземените обврски од Преспанскиот договор мора да се исполнат“, дециден е Османи.
