Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи од Ерменија: Мојата посета е во насока на поддршка за сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку
Македонија

Османи од Ерменија: Мојата посета е во насока на поддршка за сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку

13/04/2023

AA

Статусот на мировниот процес помеѓу Ерменија и Азербејџан и поврзаните хуманитарни прашања, но и соработката со ОБСЕ во насока на поддршка на реформската агенда на земјата, беа во фокусот на разговорите со Премиерот и Претседателот на Ерменија, со кои денеска се сретна министерот Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ.

Со ерменскиот премиер Никол Пашинјан се осврнаа на позицијата на Ереван, особено во врска со безбедносните прашања, за која, како што рече Османи, е прагматична со оглед на актуелната ситуација.


Тој додаде и дека ОБСЕ, како долгорочен меѓународен партнер на Ерменија, ќе придонесе за унапредување на перспективите за мир.

„Ве уверувам дека мојата посета е во насока на поддршка на мирот и стабилноста, особено земајќи предвид дека сеопфатно и одржливо решение помеѓу Ереван и Баку сè уште не е постигнато“, рече на средбата Османи.


Тој исто така ја истакна и досегашната успешна соработка на земјата со ОБСЕ, потенцирајќи дека истата има можност уште да се продлабочува и притоа од Пашинјан побара поддршка за целосно оперативна и функционална Организацијата, со цел развој на нови активности кои ќе помогнат во сеопфатен мировен договор.

„ОБСЕ активно соработува со Ерменија во широк спектар на иницијативи во изминатите пет години како дел од ‘Програмата за соработка со Ерменија’, а ја имате мојата целосна политичка поддршка и за дополнителни активности кои ќе помогнат на луѓето погодени од конфликти“, рече Османи.


Актуелните теми во врска со конечно решавање на долгогодишните прашања и нормализирање на односите помеѓу сите земји беше предмет на разговор и со ерменскиот претседател Вахан Хачатуријан, на кого Османи му порача дека градењето мир и доверба е од огромно значење за сите.

„Верувам дека постои поддршка од сите страни за сеопфатен и траен мир меѓу Ерменија и Азербејџан, како и во целиот регион на Јужен Кавказ. Свесни сме дека доаѓање до решение е многу тежок предизвик, но најважно е да се бара иднината. Минатото колку и да е болно и тешко, нема да донесе излез од ситуацијата“, рече Претседавачот Османи.

Со претседателот Хачатуријан Османи разговараше и за поддршката на ОБСЕ како платформа за изнаоѓање целосно и сеопфатно решение во нормализирањето на односите меѓу двете земји, нагласувајќи дека Северна Македонија, како Претседавач со ОБСЕ може да даде корисен придонес за градење доверба и нормализирање на односите.

„Бев заинтересиран да се информирам повеќе за статусот на дискусии за перспективите за мир. Важно е сите страни да се ангажираат за смирување на тензиите, а ние ќе продолжиме со силна поддршка на иницијативите за постигнување мировен договор“, истакна Османи.

Двете средби со државниот врв на Ерменија беа во насока на изнаоѓање решение за кревката безбедносна ситуација на терен, но и поддршката од ОБСЕ во справувањето со внатрешните и надворешните предизвици во трите безбедносни димензии кои се во рамки на конкретниот мандат на Организацијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy