Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: ОБСЕ има витална улога во градењето капацитети за справување со сајбер безбедносните предизвици
Македонија

Османи: ОБСЕ има витална улога во градењето капацитети за справување со сајбер безбедносните предизвици

24/10/2023

AA

Сајбер безбедноста не претставува само грижа за техничките системи и нивна заштита од напади, туку и грижа за луѓето како потенцијални цели на сајбер напади, но истовремено и клучна алка во системот на сајбер безбедноста.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи во своето обраќање на годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер/ИТК безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“ што се одржува во Скопје.

„Информатичката технологија и нејзината употреба не нè прави помалку луѓе. Ова е причината зошто целосното почитување на човековите права мора да биде услов без кој не се може дури и во оваа сфера, во која доминираат машините и нивната моќ“, рече Османи во своето обраќање

Сајбер безбедноста е составен дел на сеопфатниот концепт за безбедност на ОБСЕ и токму поради овие причини, нашето Претседателство ја стави безбедноста на сајбер/ИКТ системи многу високо на агендата, истакна Османи.

„Во текот на 2023 година нашите дискусии на оваа тема имаат мултисекторски пристап, вклучувајќи ги не само земјите-учеснички на ОБСЕ и партнерите, туку и приватниот сектор, академската заедница и граѓанското општество. Во таа насока, работата на ОБСЕ на сајбер/ИКТ безбедноста треба да се стави во поширок меѓународен контекст, вклучително и во работата на ОН за сајбер безбедност. Како регионална организација на ОН, ОБСЕ, игра витална улога во промовирањето на дијалогот, соработката, довербата и градењето капацитети за справување со сајбер/ИКТ безбедносните предизвици“, рече Османи.

Османи истакна дека заедничкиот пристап во справување со сајбер заканите е уште поважен имајќи предвид дека покрај на терен, руската воена агресија врз Украина се одвива и во сајбер просторот загрозувајќи ја безбедноста на луѓето преку сајбер напади на владини институции, енергетски објекти, комуникациски мрежи, болници.

„Оваа војна е напад на суверена нација, но и напад на принципите на меѓународното право и поредок заснован на правила на кои почива нашиот меѓусебно поврзан свет. Овие правила се применливи и во сајбер просторот“, рече Османи.

Османи истакна дека улогата на земји-учеснички во ОБСЕ е да го променат наративот дека ниту една земја не е имуна на сајбер напади, а тоа може да се постигне преку зголемување на соработката и намалување на ризикот од погрешна перцепција, ескалација и конфликт.

„Месецот октомври е посветен на подигање на свеста за сајбер безбедноста. Одржувањето на оваа Конференција во Скопје нè става на глобалната мапа на силни поддржувачи на сајбер безбедноста. Како што нè учи месецот за подигање на сајбер свеста, за таа цел, мора да се здружиме и да ги преземеме неопходните мерки за да останеме безбедни во овој сè повеќе поврзан свет“, рече Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy