Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Неопходно е да се бориме против руското влијание и корупцијата преку сертифицирање на носителите на јавни функции
Македонија

Османи: Неопходно е да се бориме против руското влијание и корупцијата преку сертифицирање на носителите на јавни функции

07/04/2024

AA

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи денеска на прес-конференција најави дека еден од најважните приоритети на европскиот претседател ќе биде формирање на меѓународен борд составен од претставници од Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и во координација со институциите во земјата кои ќе го направат пре-сертифицирањето на сите носители на јавни функции во две насоки, дали имаат некаква поврзаност со руските интереси и дали се вмешани во каква било форма на корупција.

– Идејата на овој борд е да ги искористиме инструментите кои веќе постојат, но кои работат одделно, да ги вградиме во Меѓународен борд, каде што ќе бидат дел и нашите институции, американскиот инструмент на објавување листи, потоа рестриктивните инструменти на ЕУ и процесот на сертификација на НАТО. Потсетувам дека на овој начин секој што ќе биде предложен или ќе има амбиции за која било јавна функција, прво ќе треба да го добие овој сертификат од овој Меѓународен борд, од овие институции, а доколку може да ги помине филтрите што ги наметнуваат овие институции тогаш ќе може да стане министер, ќе може да стане директор, судија или обвинител, нагласи Османи.

Меѓу другото, Османи истакна дека ова ќе биде кредибилен процес на ветинг, за расчистување на оние кои се вмешани во корупција или се претставници на руските интереси со цел да се дестабилизира нашата земја, да се наруши меѓуетничката хармонија и да се запре евроинтегративниот пат, додавајќи дека овој борд ќе се бори против корупцијата, која е рак на општеството што го запира развојот, го спречува користењето на државните средства во корист на граѓаните и што е еден од факторите што го поттикнува иселувањето на луѓето од земјата во земјите каде е етаблирано владеењето на правото.

– На овој начин ќе ја искорениме корупцијата на високо ниво и оваа „војна на вештерки“ што политичките партии ја наметнаа во битката за да дојдат на власт, а потоа власта ќе може да се фокусира на искоренувањето на корупцијата на сите други нивоа. “ – подвлече претседателскиот кандидат, додавајќи дека „понекогаш од оваа битка на политичките партии, за да се покрене само корупцијата на високо ниво како единствено прашање, забораваме дека корупцијата е на сите нивоа, на секој шалтер, во секоја институција, вклучително и во здравството, образованието, и граѓаните се соочени со низок степен на корупција, кој им го отежнува животот и им ги скратува можностите да бараат јавни услуги“.

На крајот, Османи истакна дека оваа иницијатива и оваа заложба е една од основните задачи и е столб на Декалогот на европскиот претседател.

Прашан што досега е направено и зошто не е донесен новиот Кривичен законик, со оглед дека неговата партија учествувал во последните измени на Кривичниот законик со кои се намалија казните, Османи рече дека корупцијата на високо ниво е најголем проблем, бидејќи, како што рече ги јаде парите на граѓаните кои што може да бидат ориентирани за јавни услуги и подобар квалитет на живеење, но и дека не треба да забораваме на секојдневната корупција со која се соочуваат граѓаните.

– Мораме да го видиме сеопфатно тој процес и да ја исчистиме корупцијата. Јас мислам дека тоа можеме да го направиме ако прво ја исчистиме корупцијата на високо ниво, бидејќи таа ги јаде најголемите фондови во државата, изјави Османи. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy