Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Не можеме да бидеме неутрални кога се кршат меѓународното право и европската безбедносна архитектура
Македонија

Османи: Не можеме да бидеме неутрални кога се кршат меѓународното право и европската безбедносна архитектура

28/03/2023

AA

Ставот на Северна Македонија во однос на агресијата врз Украина, не е став кон рускиот народ и кон Русија, туку кон агресивното однесување на руските власти кое го загрозува светскиот мир, преку рушење на основните принципи на кои се темели мирот во светот, во Европа и во земјава, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Тоа се принципи, кои го одржуваат и мирот во нашата држава. Нашите граѓани уживаат мир, затоа што после Втората светска војна е воспоставен меѓународен правен ред и поредок кој што спречува државите насилно да ги нападнат соседните држави, рече Османи на прес-конференција за време на министерскиот состанок на Иницијативата „САД-Јадранска Повелба“ (А5), што денеска се одржува во Скопје.

Во одговор на новинарско прашање за коментар на оценката на Москва дека земјава направила грешка со испраќањето оружје за Украина, Османи истакна дека Северна Македонија не може да остане неутрална во услови кога Руската Федерација насилно и неоправдано ги прекрши основните принципи на меѓународното право и на меѓународното хуманитарно право, кои воедно се и принципи на европската безбедносна архитектура кои го одржуваат мирот во Европа во последните 70 години.

– Ние не даваме оружје на Украина за да нападне друга држава, туку за да се брани. Денес Украина не ги брани само сопствените граѓани и сопствениот мир. Денес украинските војници и украинскиот народ се борат и за нашиот мир. Се борат и за нашите вредности, рече Османи.

Тој посочи дека самиот фактот што земјава е дел од тој систем на вредности, во кој што доминира принципот на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на суверените држави, владеењето на правото, демократијата и човековите права, покажува дека сме на вистинската страна на историјата.

– Билатералните односи со Русија сега се многу помалку важни од загрозувањето на мирот што започна со руското агресивно однесување и ја отвора Пандорината кутија за слично такво однесување на агресивните режими, нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата потенцира дека ако се дозволи голема земја да го нападне својот помал сосед, тогаш тоа ќе стане правило и никој утре не може да спречи такво сценарио и во други региони.

– Затоа денеска треба да се каже стоп на праксата државите да го нарушуваат територијалниот интегритет и суверенитетот на соседните држави, додаде Османи.

Тој посочи дека на денешниот министерски состанок на А5 виртуелно се обратил и украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој и се заблагодарил на земјава за политичката и хуманитарната поддршка и изразил поддршка за Јадранската повелба како платформа за концентрирање на евроатлантската енергија во регионот.

– Каде што има евроатлантска енергија, таму има мир, таму има стабилност, тоа се докажува сега. Во земјите каде што го нема НАТО чадорот, постои војна, постојат ризици. Од перспективата на Украина можеби најдобро се гледа важноста на фактот дека ние сме денес во НАТО, истакна Османи, потсетувајќи дека вчера земјава одбележа три години од зачленувањето во Алијансата.

Според него, токму членството на земјава во НАТО, ни го овозможува комодитетот да живееме во мир и покрај фактот што во наша близина има војна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy