
Османи: Не е важен премиерот Албанец, туку идејата за рушење на етничките монополи
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во изјава за медиумите по прашање за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец, порача дека не е многу важно каков ќе биде неговиот мандат и кој е.
Според него, ова е историско поради тоа што за првпат се скршени етничките табуа и монополи, каде ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга.
Според Османи, во наредните години ќе го имаме и првиот претседател Албанец.
„Одлуката за избор на Талат Џафери за албански премиер беше едногласна, освен еден член кој предложи првиот премиер да биде женски. Она што е историско е рушењето на етничките монополи. Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по втор пат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието. Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, рече Османи.
