
Османи: Не е демократски ниту мултиетнички да се бараат 61 пратеник – Силјановска: 61 пратеник не ги исклучува заедниците, туку криминалците од ДУИ
Кандидатот за претседател Бујар Османи денеска порача дека не е демократски ниту мултиетнички да се бараат 61 пратеник.
„И денеска и пратив порака на мојата противкандидатка Гордана Силјаноска. Барањето 61 пратеник е спротивно на сите начела на соживотот и мултуетничката демократија. Да прекинеме со говорот на омраза. Оваа држава може да биде богата, проесперитетна и успешна, само ако сите имаме еднакви права и можности. Тоа го нудам јас како кандидат за претседател“ рече Бујар Османи.
На ова му врати и кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, која смета дека 61 пратеник не ги исклучува заедниците.
„61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата. #МакедонијаПовторноГорда“
