Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Натпартискиот консензус за уставните измени го трасира патот на европски односи меѓу Скопје и Софија
Македонија

Османи: Натпартискиот консензус за уставните измени го трасира патот на европски односи меѓу Скопје и Софија

04/03/2023

AA

Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, односно промената на овој највисок државотворен акт е важно од две причини, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред се, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република Северна Македонија. Така ќе се трасира и патот на односите меѓу двете земји, на двата народа, нагласува министерот Османи во интервју за Рацин.мк.

Решавањето на ова прашање на ваков начин, истакнува Османи, е важно за втората причина, односно за да продолжи процесот на преговори за членство во Европската Унија.

-Ние ќе мора да постигнеме надпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес, потенцира министерот за надворешни работи.

Тој во интервјуто се осврнува и на, како што вели, културата на дијалог и на компромис, преку која европската идеја може да се прошири во регионот.

-Нашата култура на компромис, култура на дијалог, којашто, за жал, е сѐ поретка не само во регионот, туку и во светот ја прават Северна Македонија референца за тоа како европската идеја може да се прошири во регионот, посочува Османи.

Според него, фактот што имало сериозен прогрес сега во Брисел (во дијалогот Белград- Приштина), фактот што тој прогрес може да добие конечна форма токму во Охрид има своја симболика.

-Прво заради успесите на Охридскиот рамковен договор нудејќи модел како се решаваат етничките прашања и е признание за Северна Македонија како важен чинител во регионот, односно како контрибутор на стабилност и безбедност во регионот, рефлектирајќи ја на тој начин нашата функционална меѓуетничка демократија, нагласува Османи.

Во интервјуто министерот Османи вели дека „во регионот има две потенцијални слаби алки, слаби точки. Едно е косовско-српскиот спор и второ е Босна и Херцеговина и потешкотиите во функционирањето на Дејтонскиот договор“ и дека „затворањето не едно од овие две прашања ќе биде значителен исчекор во конечно за негово стабилизирање, за помирувањето и за натамошното евро-атлантско консолидирање на Западен Балкан“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy