
Османи: Нашето општество штотуку му обезбеди на Џамбаски уште еден мандат во ЕП, создавајќи од него некаква политичка ѕвезда
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека со последните настани и со барањето на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски да му се забрани влез во земјава на 4 февруари, денот на роденденот на Гоце Делчев поради можност за провокации, нашето општество само му дава шанса уште денаш да биде избран за европратеник.
„Бугарското општество него го отфрли на последните избори, воопшто не им дозволи на нивната партија да влезе во Бугарскиот Парламент. За жал, мислам дека нашето општество штотуку му обезбеди на Џамбаски уште еден мандат во Европскиот Парламент, создавајќи од него некаква политичка ѕвезда од тотален маргиналец во бугарското политичко општество“, потенцира Османи.