Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи на средба со граѓанскиот сектор во Молдавија: Граѓанските организации имаат клучна улога во промоција на дијалогот
Македонија

Османи на средба со граѓанскиот сектор во Молдавија: Граѓанските организации имаат клучна улога во промоција на дијалогот

13/02/2023

AA

Во рамки на својата официјална посета на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник за родови прашања Лилијана Палихович, со која разговараше и за промоција на жените, мирот и безбедноста, како еден од приоритетите на Претседателството со ОБСЕ, како и со граѓанските организации кои имаат клучна улога во промоција на дијалогот и градењето на довербата.

Оваа средба, наведуваат од МНР, доаѓа како резултат на клучните приоритети на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија, а тоа е фокусот на луѓето, подобрување на нивниот живот и подобрување на човековата безбедност во нашиот регион.

– Затоа ми беше важно лично да се сретнам со граѓански организации за време на мојата посета. Ситуацијата во Молдавија е високо на агендата на ОБСЕ и ние сме решени да продолжиме со нашата поддршка преку работата на мисијата и пошироките програмски активности, рече Османи.

Тој, како што посочуваат од МНР, истакна дека имал продуктивен состанок со граѓанските организации од двете страни на реката во Кишињев и дека нивната меѓусебна соработка е клучна во процесот на обезбедување траен мир и стабилност во Молдавија.

– Токму овој вид на конструктивен и инклузивен пристап е потребен за да се изгради доверба и да се поттикне мирот“, порача Османи, додавајќи дека е од исклучителна важност граѓанските организации да останат вклучени во сите процеси.

Осврнувајќи се на силниот фокус на луѓето на терен кои се крајни корисници на активностите на ОБСЕ, тој порачал дека Северна Македонија ќе ја зајакне теренската работа на ОБСЕ, особено земајќи предвид дека Молдавија се соочува со специфични предизвици, кои се влошени со тековната војна против соседна Украина.

– Вие заслужувате признание за начините на кои молдавскиот народ обезбеди помош, засолниште и поддршка на десетици илјади бегалци кои бегаат од војната против Украина, рече Османи.

Тој зборуваше и за процесот на решавање на прашањето со Транснистрија, осврнувајќи се на клучната улога на ОБСЕ во решавање на оваа ситуација.

– Ја цениме важноста на ангажманот во тематските работни групи за надминување на овој спор. Ова се исклучително важни платформи за дијалог, а во рамки на Претседателството ние ќе ги фокусираме своите напори во поддршката на сите актери за продолжување на овој дијалог и изнаоѓање решенија во корист на луѓето кои живеат од двете страни на брегот, потенцира Османи.

Претседавачот, на крајот, ја истакна и важноста за промоција на улогата на жените во текот на процесите на донесување одлуки за мир и безбедност, барајќи ја поддршката на граѓанскиот сектор во застапувањето на оваа порака.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy