Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете
Регион

Османи: На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете

15/08/2023

AA

Македонија е ценет сосед, повикувам на надминување на недоразбирањата, повика косовската претседателка Вјоса Османи за бурните реакции откако косовскиот премиер Албин Курти во петокот присуствуваше во Чаир, каде улица е именувана по Адем Демачи, а потоа во Тетово присуствуваше на собир каде се вееше знамето на Голема Албанија. 

Османи, како што пренесе МИА, ги повика македонските институции, „доколку ги загрижува нешто“, истото да го адресираат согласно меѓународните стандарди за заштита на човековите права и на правата на немнозинските заедници.

„Потег на одреден граѓанин, а не нешто организирано… На собири никој од организаторите не го контролира секој граѓанин што има во рацете, но тоа е како принцип. Нормално, доколку институциите на Северна Македонија ги загрижува нешто, наше единствено барање како институции на Република Косово е сé да се направи согласно највисоките меѓународни стандарди за заштита на човековите права, согласно меѓународните стандарди за заштита на правата на немнозинските заедници, со почитување на државотворната улога на албанската заедница во Северна Македонија, улога која продолжува да ја игра и ден денес, а тоа го знаат и македонските институции“, рече Османи.

Таа нагласи дека Косово и Македонија имаат одлични односи и изрази уверување дека тие ќе се унапредуваат и натаму.

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил не сакаше да ја коментира посетата на Курти во Тетово и рече дека тоа ќе го остави на фантазијата што луѓето мислат за тој настан или новинарите да прашаат некој друг. 

Градоначалниците на Чаир и Тетово, Висар Ганиу и Билал Касами се повикани во полиција на разговор и против нив ќе има прекршочни пријави. 

foto Facebook/Vjosa Osmani

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy