Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе ја пропуши оваа сериозна шансa за европската иднина
Македонија

Османи: На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе ја пропуши оваа сериозна шансa за европската иднина

18/10/2023

AA

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска го повтори ставот дека одлуката за тоа дали Северна Македонија ќе продолжи со Албанија на патот кон ЕУ или ќе биде одвоена во преговорите во овој, како што вели, нов забрзан геополитички придонес на процесот на интеграција, во моментов е во рацете на пратениците од опозицијата.

-Доколку ги завршиме уставните измени на време, Северна Македонија ги отвора поглавјата и влегува неповратно во процесот на евроинтеграции во оваа можеби ретка можност на отварање на Унијата поради создадениот геополитички контекст. Никогаш не сме виделе ваква разиграност, мобилизираност на ЕУ по однос на Западниот Балкан. Но, проширувањето е меритократски и геополитички (процес), двата услова треба да бидат кумулативно исполнети. Што значи и треба да бидете спремни и треба да има одреден геополитички импетус за да се отвори процесот. Геополитичкиот моментум го има – руската агресија во Украина ги разбуди сите по однос на ЗБ и европската перспектива. Сега на тоа привремено отварање кое што се случува ќе влезат само тие кои што се подготвени. На опозициските пратеници е одлуката дали Северна Македонија ќе остане изолирана со остантите држави од регионот кои што имаат отворени прашања и ќе ја пропуши оваа сериозна шанса пред која се наоѓаме. Значи исклучиво во рацете на овие пратеници е европската иднина на државата, а тоа е и фактот дали младите ќе останат овде, дали ќе имаат надеж за европски стандард овде или пак ќе изгубиме цела една генерација, вели Османи одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања на Штаерска, Вернер Амон.

Запрашан на што се должи неговиот оптимизам дека ќе се донесат уставните измени и на кое ниво се случува комуникацијата со пратениците во контекст на обезбедување поддршка за амандманите на Уставот, Османи уверува дека случувањата во светот ќе ги уверат граѓаните дека е ова единствениот вистински пат.

-Мислам дека не губиме време со овие обиди бидејќи е важно граѓаните да ги убедиме дека ова е единствениот прав пат. Ова не се добри времиња за светот и многу е важно ние да бидеме заедно со големите и богатите во едно семејство. И мислам дека со секој поминат ден се повеќе граѓани се придружуваат на тие што се обидувме да не остане камен непревртен за оваа земја да стане европска. Второ мислам дека политичарите полека разбираат што се случува, дека ова се навистина ретки времиња по однос на можносатите за евроинтеграција. И се повеќе и политичари тоа го разбираат и се надеваме дека ќе сватат дека ги земаат на душа идните генерации, дека ја држат државата во заложништво поради партиско-политчки интереси. Историјата ќе ги суди сите што оваа шанса ќе ја прокоцкаат заради еден повеќе еден повеќе пратенички мандат и за интерес за партијата, рече Османи.

Тој при тоа потврди дека се одвиваат и комуникации во обид да се дојде до потребното мнозинство, но без да открива детали на кое ниво се остваруваат тие контакти.

-Мислам дека нема да помогнам на процесот ако во моментов повеќе зборувам на таа тема, но се е во рамки на демократските убедувања, рече министерот Османи.

Посетата на шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен најаваена на крајот на месецов во Скопје тој очекува да донесе одредени новини во однос на процесот на евроинтеграциите кои се во линија на нашите залагања, вели, да видиме бенефити од процесот пред полноправното членство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy