Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи на министерска конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин
Македонија

Османи на министерска конференција посветена на ЕУ проширувањето во Берлин

02/11/2023

AA

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, денес учествуваше на министерската конференција “Проширена, посилна Унија” во Берлин, организирана од Сојузното министерство за надворешни работи.

“Северна Македонија е лакмус тестот за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ ” – истакна Османи.

Во своето обраќање, Министерот се осврна на концептот “Повеќе интеграција пред членство во ЕУ”, како еден од модалитетите како ефективно да фатиме чекор со економиите на земјите членки на ЕУ и да го премостиме јазот што моментално се зголемува наместо да се стеснува. Воедно, го поздрави уште еднаш Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, претставен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој се дополнува со овој концепт.

Што се однесува до дебатата за потребата од внатрешни реформи со цел земјите да бидат подготвени за прием како нови членки во догледна иднина, Османи рече дека истите треба да се третираат како комплементарни со проширувањето, а не како едната да ја исклучува другата или да биде предуслов.

“По 20 години од Солунската агенда, потребно е да се смени сегашниот бинарен пристап на сѐ или ништо, каде една земја се додека не е членка на Унијата не е вклучена во политиките или институциите на ЕУ или нема пристап до фондовите на ЕУ. Наместо тоа, секој кандидат, преку успешно спроведување на реформите и усогласувањето на своите политики со оние на ЕУ, треба да напредува со сопствено темпо преку постепена интеграција” – истакна Османи.

Министерот се обрати на првиот дел од конференцијата, заедно со министрите за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на Словенија, Тања Фајон и на Украина, Дмитро Кулеба.

Министерската конференција, чија цел е размена на мислења во однос на подготовеноста на Унијата за проширување и на идните земји членки за членство во ЕУ, се одржа непосредно пред Европската комисија да го објави својот пакет за проширување заедно со извештаите за земјите, кои ќе дадат препораки за конкретни чекори за кои ќе одлучува Европскиот совет во декември.

На маргини на конференцијата, Османи ќе оствари и билатерални средби со свои колеги од земјите членки на ЕУ и од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ГИ ДЕЛИ САМО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД

03/03/2026
Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во

03/03/2026
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
Македонија

Руте: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Балканот

03/03/2026
Македонија

Синоќа приведени девет лица поради возење без возачка дозвола, за

03/03/2026
Македонија

КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ТЕНДЕРИ ПОГЛЕДНЕТЕ СЕ ВО ОГЛЕДАЛО! Наврeдите нема

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42181
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во четвртиот квартал

03/03/2026

Македонската економија ја заокружи 2025 година со солиден раст, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена марихуана!

03/03/2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ГИ ДЕЛИ САМО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД ПУТИН Водеа антидржавна политика, раководена

03/03/2026

Близок соработник на Путин во прегратки на Филипче и Заев, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. – СДСМ на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy