Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи на интервју со Рикер: Дипломатијата е и работа со луѓе на терен, не е само преговарање на маса
Македонија

Османи на интервју со Рикер: Дипломатијата е и работа со луѓе на терен, не е само преговарање на маса

14/05/2023

AA

Предизвиците на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, успешната приказна на државата во новата меѓународна позиција, регионалните предизвици и улогата на САД во ОБСЕ беа теми во центарот на интервјуто на Филип Рикер, директор на Програмата “Global Europe”на Вилсон Центарот со министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

Османи се осврна на приоритетот број еден на претседателството: “Организацијата покажа отпорност и покрај тешката состојба во која се наоѓа. Една земја учесничка блокираше две мисии во Украина. Но ние не седевме со вкрстени раце, туку најдовме креативна формула за да се вратиме во Украина, да им помогнеме на Украинците, на украинскиот народ и на институциите на Украинците”.

Она што сакавме да го направиме за време на нашето претседавање, вели Османи во интервјуто, е како да го однесеме ОБСЕ поблиску до обичните луѓе.

“Дипломатијата не е само дипломати кои седат на маса и разговараат за јавните политики, туку тоа е и секојдневна работа со луѓе на терен”, рече претседавачот со ОБСЕ.

На прашањето на Рикер, за важноста на улогата на САД во Организацијата, Османи со одговор:

“Ова беше едно од прашањата што го дискутиравме во Вашингтон, но и пред еден месец кога ги презентирав приоритетите на Северна Македонија пред Хелсиншкиот комитет. Се вратив во Скопје уште посигурен за иднината на организацијата, со уверение дека САД се таму и ќе продолжат да имаат важна улога во ОБСЕ. Значи, ова носи доверба кај сите нас, во континентот и во организацијата. Работиме многу тесно во Виена, како и во Скопје и Вашингтон, со заедничка цел како можеме да ја водиме агендата на ОБСЕ напред”.

Меѓу другото Османи зборуваше за напредокот на Северна Македонија, ставајќи го акцентот на успешната приказна на функционалната мултиетничка демократија, културата на дијалог, добрососедските односи, истакнувајќи дека во секој успех на нашата држава има печат на Вашингтон, Брисел, ОБСЕ и другите организација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy