Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи најави нова водечка иницијатива на Претседателството со ОБСЕ: Борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ
Македонија

Османи најави нова водечка иницијатива на Претседателството со ОБСЕ: Борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ

12/05/2023

AA

Водечката иницијатива на Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ ќе се фокусира на борбата против корупцијата во регионот на Југоисточна Европа. При својата посета на Босна и Херцеговина во својство на Претседавач со ОБСЕ, ова денеска го најави министерот Бујар Османи. Тој рече дека во согласност со приоритетите на претседавањето, ќе се организира и регионален состанок за борба против корупцијата преку зајакнување на позициите на земјите и полесно надминување на состојбите.

„На состанокот што ќе се организира во Скопје во јули, ќе се соберат министри од целиот регион на Југоисточна Европа, а истиот е предвидено да се заврши со потпишување заедничка изјава со која ќе ја потврдиме нашата заедничка определба за зајакнување на одговорот на ова злосторство“, најави Османи денеска во БиХ.

Оваа водечка иницијатива на Претседателството за борба против корупцијата во регионот на ЈИЕ има за цел да придобие широка политичка поддршка од земјите во овој регион за зајакнување на нивните напори за развивање и спроведување на посилни политики и практики за справување со корупцијата.

Османи потсети дека борбата против корупцијата претставува клучен приоритет за нашиот регион и е од критична важност за напредокот на целиот регион на ЈИЕ, но е и на врвот на листата приоритети на Претседателството со ОБСЕ.

Во оваа насока, Османи рече дека ОБСЕ ќе продолжи да ги поддржува властите за ефективно спроведување на постоечките антикорупциски закони и регулативи и ќе продолжи да посветува значителни напори на оваа работа во иднина за целиот регион.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy