Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Кога Премиерот ја негира еднаквоста, ја понижува државата
Македонија

Османи: Кога Премиерот ја негира еднаквоста, ја понижува државата

26/04/2025

AA

Екс министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска преку својот Фејсбук профил упати реакција по повод изјава на премиерот Христијан Мицкоски.

Како што вели, кога Премиер на една земја јавно ќе го стави под знак прашалник легитимитетот на министер да преговара во име на државата – не поради неговиот мандат, туку поради неговото етничко потекло – тоа не е само навреда кон таа етничка заедница.

„Тоа е најантидржавната изјава дадена од еден Премиер во последните децении.

Тоа е обид за редефинирање на државата како етнички монопол, спротивно на Уставот, спротивно на политичката реалност, и спротивно на самата европска идеја на мултиетничка демократија кон која тежнееме.

Ако министри од албанско потекло не се квалификувани да ја претставуваат државата, тогаш не зборуваме повеќе за заедничка држава.

Јас, како министер за надворешни работи, не сум преговарал во свое име, ниту во име на една етничка група.

Преговарав во име на Република Северна Македонија, со полн мандат од Собранието, и со неприкосновена поддршка од институциите на државата – од Премиерот, Вицепремиерот за европски прашања, Претседателот на државата.

И бидејќи сакате да ја омаловажите мојата улога, еве неколку факти, за да се потсетите што сè оваа држава постигна преку мојата работа:

• Под мое водство, Република Северна Македонија стана претседавач со ОБСЕ во време кога самата организација се соочуваше со најголемата институционална и политичка криза. Спасивме организација од парализа, со градење консензус меѓу 57 држави членки, во услови на војна во Европа и длабоки глобални поделби. Ова не го велам јас, туку го признаа и ОБСЕ, и ЕУ, и САД.

• Станавме прва земја од Западен Балкан што воспостави Стратешки дијалог со САД, со што го издигнавме партнерството на највисоко ниво. Официјално бев примен во Стејт департментот, не како Албанец, туку како министер на една суверена држава.

• Северна Македонија стана домаќин на дијалогот меѓу Косово и Србија, поради довербата и кредибилитетот што го изградивме кај меѓународните партнери. Финалната рунда се одржа токму во Охрид.

• Преспа Форумот за дијалог кој го инициравме стана референтна точка за политички и дипломатски дијалог во регионот, каде доаѓаа министри, премиери и специјални претставници од целиот демократски свет.

• Во преговорите со Бугарија и низ процесот на европска интеграција, успеавме да го заштитиме македонскиот јазик – без фусноти, без објаснувања, со чиста формулација во Преговарачката рамка. Тоа е дипломатска победа, која никој сериозен актер не ја негира.

• Во тој процес, македонската етничка, културна и историска посебност беше доследно бранета – не со зборови, туку со конкретни решенија, во текстови, документи и обврски.

Доминираа дипломати со македонско етничко потекло, со искуство и авторитет, токму со цел да нема простор за импровизации кога се работи за сензитивни прашања.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42386
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник и двајца малолетници, возачот без

11/04/2026

Полицијата приведе тројца млади лица откако во автомобил на локалниот пат кон Камењане било пронајдено повредено куче, за кое постои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy