Османи: Кога ќе има втор премиер Албанец, нема да биде тема за коментирање
Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи оценува дека ова сега не е техничка влада која раководи со државата.
– Ја видовте одлуката на Собранието, се избира премиер и влада. Нема таков поим техничка влада. Временскиот период само дава таков времен период, инаку по капацитет владата е со ист капацитет, како и претходната. Владата е со фул капацитет, рече Османи во емисијата „Студио 10“.
За прославата за поставувањето на Талат Џафери како прв премиер Албанец, Османи вели дека е голем успех за државата.
-Прв премиер Албанец не беше концепт само Албанците да си го добијат заслуженото право, туку и државата да стане еднаква за сите граѓани. Имаше т.н. зони на етнички монопол и тие беа целосни до пред Рамковниот договор. Гледам дека се уште има незадоволство кај Македонците и на интеграциите гледаат како на непријателски чин. Алтернативата на интегрирањето е дезинтегрирањето. Сатанизацијата која што се прави кон ДУИ има партиско-политички карактер. ДУИ е најдржавничката партија во земјава, смета шефот на македонската дипломатија.
Тој е дециден дека ДУИ не партизираше, туку интегрираше.
– Кога ќе има втор премиер Албанец, нема веќе да биде тема и ќе се нормализира работата. Претседател на Собрание денес е Јован Митрески и никој не коментира дали треба да биде Македонец или Албанец. Се уште гледаме зони на етнички монопол и се врв на таа етничка доминација, но полека се топат, наведува Османи.