
Османи: Голема победа на фронтот, стануваме една голема локомотива за европската иднина на нашата држава
Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи вечерва порача дека прелиминарните резултати покажуваат длабока победа на Фронтот, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата.
„Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката за Европскиот фронт и за мојата кандидатура. Ова е заедничка победа и оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава. Денес Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите“, истакна Бујар Османи.
