Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Ќе поддржиме Влада без ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени
Македонија

Османи: Ќе поддржиме Влада без ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени

10/06/2023

AA

Централното претседателство на ДУИ го заврши својот состанок во партиското седиште во Мала Речица, а партијата информираше дека се прифаќаат предусловите кои се упатени кон нив со цел да има промени во Уставот и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека неколкучасовната седница била исклучиво наменета за оваа одлука.

Тој посочи дека на седницата се анализирал состанокот на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по кој имаше и одговор на ДУИ во однос на барањето на опозицијата да се формира Влада во која нема да учествува нивната партија, како предуслов за поддршка на уставни измени.

– Прво, историскиот момент пред кој се наоѓа државата како можност за брзо членство во ЕУ пред сè создадена со геополитичката случувања со војната во Украина. Големата свесност на ЕУ за Западен Балкан и брзата трака која се појавува како шанса. Повикувајќи се на консензуалната потреба на луѓето, без разлика на припадност, за подобар животен стандард, за можност за задржување на луѓето овде, за брза трака за членство во ЕУ наредните години, Централното претседателство ја реафирмираше консензуално и одлучно првичната одлука којашто ја претставивме веднаш после средбата на претседателите на политичките партии – дека ДУИ е спремна истиот ден кога ќе стапат во сила уставните измени да ја напушти Владата, доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени, истакна Бујар Османи.

Тој понатаму рече дека нема поважно прашање денес одтолку европската иднина на државата и европската иднина на граѓаните.

– Имаме историска шанса којашто доколку ја пропуштиме нема да ја имаме сигурно во наредните 10-20 години. Затоа ДУИ проценувајќи го овој моментум врз основа на кредибилни информации коишто и јас ги претставив на седницата на ЦП и тоа што Али Ахмети го образложи, донесе одлука да поддржи една таква одлука во којашто ДУИ ќе поддржи Влада без претставници на ДУИ на денот кога ќе стапат во сила уставните измени, посочи Османи.

Од ДУИ велат дека нивното Претседателство бара паралелно да се одвива уште еден процес.

-Тоа е почеток на ветинг и истрага на сите политички партии, почнувајќи од претседателите до последниот партиски функционер, вклучувајќи и пратеници, функционери и така натаму, со цел еднаш за секогаш оваа злоупотреба на борбата против корупцијата за партиски цели да и се стави крај и да се институционализира. Сметаме дека е тоа многу важен процес за да создаде амбиент за да се изгради доверба за да може овој процес да се одвива побрзо, истакна Османи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy