Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи ќе го отвори Форумот на втората димензија на ОБСЕ во Прага
Македонија

Османи ќе го отвори Форумот на втората димензија на ОБСЕ во Прага

13/09/2023

AA

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, на 14-ти и 15-ти септември ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ кој се одржува во Прага, а во рамки на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата.

Темата на Форумот е „Промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“, а во рамки на дводневната програма ќе се дискутира на важни теми кои се приоритети на Претседателството во втората димензија на ОБСЕ: справување со климатските промени, доброто владеење и антикорупцијата, олеснувањето на транспортот и трговијата и безбедност на храната, како и управувањето со ризици предизвикани од катастрофи.

Официјалниот дел на Форумот ќе го отвори Претседавачот со ОБСЕ Османи, а предвидени се воведни обраќања и од генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, како и од министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски.

На покана на Османи, настанот на едно место ќе собере видни делегати од владини и државни институции, претставници од приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации.

Целта на Форумот е да ги продолжи, но и надополни дискусиите на оваа тема од Струшката конференција за економската и еколошката димензија на ОБСЕ која се одржа годинава во јуни, како и да поттикне интерактивна дискусија и размена на национални искуства, што може да резултира со конкретни и остварливи препораки за ОБСЕ и нејзините земји-учеснички.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА УДРИЛ „ЛЕНД РОВЕР“ ДОДЕКА ТУРКАЛА ВЕЛОСИПЕД Тешко повредена 77-годишна

20/02/2026
Македонија

Канабис од Струмица, транспорт преку Свети Николе до Србија –

20/02/2026
Македонија

Нова техничка опрема за МВР: Камери, софтвери и специјални возила

20/02/2026
Македонија

Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес загина при пад

20/02/2026
Македонија

Алиу: Исправки во законот за здравство за подобро планирање на

20/02/2026
Македонија

25-ГОДИШНИК ЛИШЕН ОД СЛОБОДА ПО БРУТАЛНО УБИСТВО ВО ЧЕЛОПЕК Истражителите

20/02/2026
Македонија

Уставен суд ќе одлучува: Дали македонските пензионери во странство ќе

20/02/2026
Македонија

Муцунски и новата бугарска министерка Нејнски разменија честитки и иницираа

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41705
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА УДРИЛ „ЛЕНД РОВЕР“ ДОДЕКА ТУРКАЛА ВЕЛОСИПЕД Тешко повредена 77-годишна жена во Гевгелија

20/02/2026

77-годишна жена од Гевгелија е тешко повредена откако била удрена од автомобил на булеварот „Гевгелија“ во градот, информира полицијата. Според

Канабис од Струмица, транспорт преку Свети Николе до Србија – ОЈО отвори истрага за шест

20/02/2026

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба

Нова техничка опрема за МВР: Камери, софтвери и специјални возила од Германија

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy