
Османи: Додека е Ахмети, на Албанците нема да им фали ни влакно
Портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи одговори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека доколку победи на избори нема да коалицираат со ДУИ.
Османи рече дека ваквите изјави поттикнуваат меѓуетнички тензии, а главната цел е да се добијат политички поени.
„На Албанците нема да им фали ни влакно додека е лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, вели Османи.
Инаку, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски изјави дека нивната програма може да се усогласи со таа на албанската опозиција, но Изет Меџити за оваа изјава рече дека тие немаат стратешки партнер кај Македонците и дека имаат коалиција само со албанскиот народ.
