
Османи: До март има можност за уставни измени, никој нема да може да формира Влада без обезбедена Европска иднина
Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека до месец март има можност за уставни измени.
Тој вели дека никој нема да може да формира Влада без обезбедена Европска иднина.
„Никој нема да може да формира Влада без да обезбеди европски пат за државата, тоа го кажувам и можам да ви потпишам дека никој нема да може да формира Влада доколку, иако јас се уште сметам дека има простор да има измени за време на мартовскиот самит на ЕУ, бидејќи ќе има уште еден самит и сметам дека ова е идеална прилика да продолжиме и во наредните три месеци да се обидеме, но еве хипотетички никој нема да може да формира влада доколку во наредните 3 месеци од таа Влада нема уставни измени“, вели Османи.
Според него, такви се геополитичките околности.
