Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: ДКСК и ЈО ја потврдија законитоста и чесноста на тендерската процедура за целите на Министерскиот совет на ОБСЕ!
Македонија

Османи: ДКСК и ЈО ја потврдија законитоста и чесноста на тендерската процедура за целите на Министерскиот совет на ОБСЕ!

26/01/2024

AA

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил пишува дека државна Комисија за Спречување на Корупција (ДКСК ) и Јавното Обвинителство за ОК излезе со конечен став за реконструкција на салата „Борис Трајковски” за целите на Министерскиот Совет на ОБСЕ.

„За време на мојот мандат како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач со ОБСЕ минатата година, имавме чест да организираме Министерски совет на ОБСЕ во Скопје, како најзначаен настан во нашата дипломатска историја. За да го организираме овој високо ценет состанок, го приспособивме нашиот спортски центар “ Борис Трајковски”, проект што бараше значителни напори и инвестиции.
Овој процес за жал нѐ обремени со многу обвинувања, поттикнувајќи нѐ да ја бараме правдата и вистината.

Изборот на компанијата за приспособување на спортскиот центар, иако критикуван и обележан со обвинувања за фаворизирање, на мое барање беше темелно испитан од нашите правни институции – Јавното обвинителство и ДКСК.

Заклучокот стигна од двете институции и тој е јасен и недвосмислен: процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција.

Во текот на овој период, се соочив со бура од негативни реакции и неосновани обвинувања. Не само што мојот интегритет беше ставен под сомнение, туку овој настан фрли сенка врз меѓународниот имиџ на нашата земја.

Сепак, избрав транспарентност пред молк, одговорност пред одбрана;

доброволно ги предадов сите релевантни документи на Обвинителството и Комисијата за антикорупција, уверен во интегритетот на Комисијата при МНР, како и во мојот сопствен.

Денес, откако двете институции ја потврдија законитоста и чесноста на тендерската процедура, се чувстувам повикан тоа да го објавам. Патот до овој момент беше исполнет со непотребен стрес и неосновано сомневање, но тој пат заврши. Непрекинатите напади што ги трпев не беа само против мене, туку беа напади врз вредностите на државата и принципите на нашата демократија.

Го споделувам ова не за да барам сочувство, туку за да ја потврдам силата на нашите институции и отпорноста на вистината.

Им благодарам на сите кои стоеја покрај мене, вашата верба и поддршка беа важни низ овој процес. На оние кои се сомневаа, не ги држам за зло, бидејќи скептицизмот е витален елемент на здравата демократија…“, порача Османи

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на

21/02/2026
Македонија

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури

20/02/2026
Македонија

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба

20/02/2026
Македонија

Спречен вооружен напад во Тетово?! Блокиран патот кај кружниот тек

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НА СОПРУГАТА НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НЕ Е ХЕРМЕС И

20/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41734
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА ПРОСЕЧНО ПО 5 АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО За враќање на возилата треба да се чека

21/02/2026

Од 1 до 18 февруари полицијата одзела вкупно 96 автомобили од возачи што возеле без возачка дозвола или имале забрани

ДОЖДОВИТЕ ЌЕ ПРЕСТАНАТ, НЀ ЧЕКААТ ПОТОПЛИ ДЕНОВИ До среда температури до 20 стапени

20/02/2026

Времето утре (сабота) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, без врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од

Давкова: Доста ни се „пост-фестум“ извинувања, на Македонија ѝ треба деблокада сега!

20/02/2026

На отворањето на Меѓународната конференција на Паневропската унија во Скопје, претседателката порача дека ЕУ е нецелосна и ранлива без Западен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy