Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Османи: Ако не ги решиме уставните измени, влегуваме во групата на земји со отворени прашања
Македонија

Османи: Ако не ги решиме уставните измени, влегуваме во групата на земји со отворени прашања

02/07/2023

AA

Противниците на уставните измени се всушност поддржувачи на идеите на бугарските радикали дека европската перспектива на државата треба да се сведе на билатерални односи со Република Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Уставните измени, според Османи, се факторот што ќе утврди во која група ќе припаѓаме и затоа, како што рече, одговорноста на секој пратеник е толку голема.

-Ако ги завршиме уставните измени, ние влегуваме во групата што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ. Одлука за тоа веќе има во ЕУ, ако не ги решиме уставните измени, ние влегуваме во групата на земји кои што имаат отворени прашања и тогаш ни се враќаат Договорот со Бугарија, Протоколот и општо односите со Бугарија, историските прашања…, рече Османи.

Токму поради тоа, Османи рече дека е оптимист, и дека мисли дека „никој од пратениците нема да се осуди неговото име да се запише во историјата како луѓе, кои што ја ставиле земјата во група на земји со отворени прашања“.

– Од првенец во генерација, во група на земји кои што ќе мора да решаваат отворени прашања, изјави Османи.

Прашан до каде е спроведувањето на Протоколот со Бугарија, Османи рече дека „се одвива во рамки на предвидената динамика“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy