Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава
Економија

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

01/07/2024

AA

Кога повеќето луѓе ќе слушнат за
осигурување, најчесто прво помислуваат на осигурување на домот, возилото или
одредени предмети кои можат да се оштетат. Но, малкумина го земаат предвид
осигурувањето како начин да се заштити сето она што вреди и ефектот кој овој
механизам може да го има на стабилноста на индивидуалните финансии, компаниите
и нивните индустрии, па дури и целата државна економија.

Главната причина за постоењето на осигурителните
компании е да обезбедат заштита за нивните клиенти. Без разлика дали се работи
за физички или правни лица, сите од нас имаат потреба да го заштитат она што го
имаат.

Каква е всушност улогата на
осигурителните компании во економскиот развој? Полисите за осигурување имаат
неколку важни функции во економијата не само поради тоа што обезбедуваат
заштита против финансиски загуби, туку и го прават инвестирањето побезбедно, го
поттикнуваат растот на економијата,
преку осигурување на извозот го поттикнуваат  развојот на македонсите компании, помагаат за
стабилност и поголема сигурност во економијата, посебно во време на криза.

“Осигурителните компании помагаат во управувањето со
ризикот на поединци и бизниси. Со пренесување на ризикот на осигурителни
компании, бизнисите и поединците можат да се фокусираат на своите основни
активности без да се грижат за непредвидени настани како што се пожари, кражби,
несреќи и природни катастрофи. Преку осигурувањето, поединците и бизнисите
имаат зголемена доверба и сигурност дека можат да се справат со потенцијални
загуби. Ова ја подобрува економската стабилност и ја стимулира потрошувачката и
инвестициите” смета Александар Манев Генерален
Директор на Кроација Осигурување, Друштво за неживотно осигурување
.

Претприемачите го осигуруваат
бизнисот за финансиски да се заштитат во ризични времиња, но и за да бидат
сигурни партнерите, соработниците, вработените и нивните семејства да не
претрпат големи загуби во случај нешто да ѝ се случи на компанијата.

Осигурителните компании се важен
елемент во склоп на домашната економија, кој ѝ овозможува на истата да расте и
да се развива како што се развиваат можностите и барањата на „играчите“ на
пазарот.

“Осигурување е актуелна и уште поважна тема во време
кога економијата е во криза. Посебно важно е за правните лица затоа што кризата
веќе носи многу предизвици во оперативниот дел од работењето, па евентуална
изложеност на дополнителни ризици, како на пример пожар, губење на залихи,
поплава, кршење на машини, кражба, може да го загрози или целосно да го спречи
работењето на компанијата.Токму затоа секој бизнис, без оглед на големината,
треба да си обезбеди континуитет во работењето преку склучување квалитетен
договор за осигурување што ќе ги  ублажи сите ризици по компанијата. Само
на ваков начин бизнисите ќе можат да се фокусираат на суштината на својата
работа и на подобрувањето на резултатите.“ – посочува Марија Томеска,
претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

“Не смееме
да заборавиме и на моќниот ефект на осигурувањето во бизнис секторот, кое во
случаи на непогода делува како подадена рака кое може да ја одржи компанијата
или индивидуалецот во финансиски баланс, а во нормални услови им ја дава
можноста на претприемачите да бидат храбри и иновативни, знаејќи дека се
заштитени со полиса која им го овозможува тоа. Накратко, полисата за
осигурување влева доверба дека следниот амбициозен чекор вреди да се направи,
истакнува Климе Поповски”
експерт за осигурување.

Осигурувањето ја
прави нашата економија возможна, ја придвижува и го овозможува нејзиниот раст,
истовремено давајќи им механизми за заштита на оние кои учествуваат во неа.
Како сериозен фактор, осигурителната индустрија е клучна алка во структурата на
домашната економија и без неа не може да се замисли прогресот на ниту едно
развиено општество. Затоа, бидете одговорни за она што ви е важно и направете
се’ што е во ваша моќ да го заштитите со полиса за осигурување според вашите
потреби и можности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy