
Оштетени 34 возила на паркинг на булеварот „АСНОМ“
На паркинг на булеварот „АСНОМ“ биле оштетени 34 патнички возила, при што вкупната материјална штета се проценува на околу 11.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година.
На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Скопје, известен е јавен обвинител, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.
