
Оштетена оградата и платформата кај Смоларски Водопад
РЦУК Струмица, известува дека околу 13:00 часот била добиена пријава за оштетена ограда и платформа на туристичкото место Смоларски Водопад во Подгоријата на планината Беласица, во Општина Ново Село.
Оградата била оштетена на повеќе места со што претставува потенцијална опасност, платформата за посетители што била во близина на водопадот целосно е падната, а на патеката – козја патека кон Смоларски Водопад имало паднато поголемо дрво, што било потребно да се отстрани, за патеката да биде безбедна и проодна.
За настанатата состојба се известени Општина Ново Село и истите известуваат дека имаат распишано тендер за платформата и за паднато дрво и во текот на денешниот ден ќе излезат да ја санираат платформата и паднатото дрво.

