
Оркестарот за џез музика се сместува на простор доделен на Министерството за култура
Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за основање на Национална установа „Оркестар за џез музика на Република Северна Македонија“ – Скопје.
Одлучено е, на предлог на Министерството за култура, Националната установа „Оркестар за џез музика на Република Северна Македонија“ – Скопје, да биде лоцирана на бул. „Гоце Делчев„ бр. 4 – Скопје, на простор со површина од 475 м2, во сопственост на Република Северна Македонија, а дадено на трајно користење на Министерството за култура.