Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ОРКА ХОЛДИНГ“ НУДИ НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ЗА „ЖИТО ПОЛОГ“ – одобрена понудата за преземање, еве колку акции се бараат
Економија

„ОРКА ХОЛДИНГ“ НУДИ НАД ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ЗА „ЖИТО ПОЛОГ“ – одобрена понудата за преземање, еве колку акции се бараат

13/02/2024

AA

Орка Холдинг сака
да преземе уште 50 отсто од акциите на мелничко-пекарската компанија „Жито
Полог“ од Тетово, за сума од нешто повеќе од еден милион евра. Таква намера за
преземање на „Жито Полог“ оваа компанија достави до акционерите на компанијата
уште во ноември минатата година, а пред неколку дена за тоа ја доби потребната
дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

Како што извести
Комисијата за хартии од вредност, на седницата што се одржала во петокот
минатата недела, КХВ донела решение со кое на друштвото „Орка Холдинг“ АД Скопје му се
издава дозвола за давање понуда за преземање на друштвото „Жито Полог“ АД Тетово. 

„Понудата за преземање се
однесува на 27.596 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог.
Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 2.266 
денари по акција.Согласно Понудата за преземање, преземачот не утврдил
најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која
треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна“, се
вели во соопштението од Комисијата за хартии од вредност кое е објавено на
нивната веб страница.

Доколку се има
предвид дека понудата за преземање се однесува на 27.596 акции, и доколку за
нив се нуди цена од 2.266 денари за акција, тоа значи дека компанијата „Орка
Холдинг“ нуди да плати 62,5 милиони денари или 1,02 милиони евра за купување на
овие акции.

Со оглед на тоа
што акционерското друштво „Жито Полог“ има издадено вкупно 55.997 акции, а
понудата за преземање се однесува на 27.596 акции, тоа значи дека „Орка
Холдинг“ нуди да купи близу 50 отсто од акциите, или конкретно 49,3 проценти.

А, според
состојбата од Централниот депозитар за хартии од вредност, „Орка Холдинг“ и во
моментов е најголем поединечен акционер на мелничко пекарската индустрија,
бидејќи и сега во „Жито Полог“ поседува близу 25 отсто од акциите на
компанијата, или конкретно 24,98 проценти.

Така што, доколку
сите акционери до кои е доставена понудата, ја прифатат, во тој случај „Орка
Холдинг“ би поседувала околу 75 отсто од акциите на тетовската компанија.

Инаку, интересно
е да се објави дека минатата година на редовниот пазар имало едно тргување со
акциите на „Жито полог“, во јуни, и тогаш биле продадени 1.189 акции, по истата
цена која се нуди сега во понудата за преземање, односно 2.266 денари по
акција.

А, според
податоците од ЦДХВ, покрај Орка Холдинг, други акционери во компанијата се
самите „Жито Полог“,
кои поседуваат сопствени
акции од 20,6 проценти, потоа Тони Јосифовски, кој распполага со 19,86 проценти од капиталот на мелничко пекарскиот
комбинат, друштвото за реклами и маркетинг Лид Комуникејшнс има 12,51 отсто,
додека пак акционерот Ненад Јосифовиќ има во свој посед 12,47 отсто од капиталот.И, најмал акционер со
над 5,13 отсто е градежната компанија Софија Градба. 

Основна дејност во “Жито Полог” АД – Тетово опфаќа
производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува
сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и
специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на
сопствената живинарска фарма.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
Македонија

Јахији повикува на обединување пред вториот круг во Брвеница: „Трката

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА Е НОВ ШЕФ НА ОЈО ГОКК Неофицијално

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46418
  • Регион 3999
  • Свет 18
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што се случува со јазиците во

28/10/2026

Новата државна апликација m.Uslugi е достапна и на албански јазик, но дигиталната лична карта и возачката дозвола, според забелешките на

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И НЕ ПЛАТИЛЕ ДАНОК Кривични пријави

28/10/2026

Речиси 580.000 евра пристигнале од Германија на девизната сметка на 71-годишна жена од радовишкото село Коџалија, а нејзиниот 47-годишен син

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски вели дека 76 милијарди денари

28/10/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, тврди дека во првите две години од владеењето на неговата партија платите и пензиите бележат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy