Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОРКА ХОЛДИНГ ДОСТАВИ НАМЕРА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ – компанијата сака целосно да го преземе тетовски „Жито Полог“ каде е најголем акционер
Економија

ОРКА ХОЛДИНГ ДОСТАВИ НАМЕРА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ – компанијата сака целосно да го преземе тетовски „Жито Полог“ каде е најголем акционер

24/11/2023

AA

ОРКА Холдинг доставила намера за преземање на мелничко пекарската компанија Жито Полог од Тетово.

За оваа намера која била испратена во текот на вчерашниот ден извести самата компанија Жито Полог преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: На ден 23.11.2023 година до Жито Полог Ад Тетово е доставено Известување за намера за преземање од акционерот Орка Холдинг АД Скопје“, се вели во објавата од компанијата.

Инаку, според последната состојба од Централниот депозитар за хартии од вредност, ОРКА Холдинг во моментов поседува 24,98 отсто од Жито Пелагонија.

Самите Жито Полог поседуваат сопствени акции од 20,6 проценти.

Тони Јосифовски распполага со 19,86 проценти од капиталот на мелничко пекарскиот комбинат.

Друштвото за реклами и маркетинг Лид Комуникејшнс има 12,51 отсто, додека пак акционерот Ненад Јосифовиќ има во свој посед 12,51 отсто од капиталот.

И, најмал акциомнер со над 5,13 отсто е градежната компанија Софија Градба, со 5,13 проценти од капиталот.

Исто така, 33 физички лица вкупно располагаат со 36,8 отсто од капиталот на оваа мелничко пекарска индустрија. 

Основна дејност во “Жито Полог” АД – Тетово опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.

Веднаш откако компанијата Жито Полог објави дека до неа е доставена намера за преземање, Берзата ја стави на Листата за набљудување, што се прави со цел инвеститорите да бидат внимателни. 

„Ве известуваме дека на 24.11.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање јавна понуда за преземање на друштвото“, се вели во објавата од Берзата.

Н.Н.Ф.                                              

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
Македонија

ПРОТИВ КОГО МАРШИРАШЕ ВИКЕНДОВ ФИЛИПЧЕ ВО ПРИЛЕП? Дали против бугарските

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46121
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала

12/10/2026

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски ги

12/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека Владата постигнала значајни резултати во економијата и во работата на институциите во изминатите 27 до

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy