
ОРКА ХОЛДИНГ ДОСТАВИ НАМЕРА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ – компанијата сака целосно да го преземе тетовски „Жито Полог“ каде е најголем акционер
ОРКА Холдинг доставила намера за преземање на мелничко пекарската компанија Жито Полог од Тетово.
За оваа намера која била испратена во текот на вчерашниот ден извести самата компанија Жито Полог преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: На ден 23.11.2023 година до Жито Полог Ад Тетово е доставено Известување за намера за преземање од акционерот Орка Холдинг АД Скопје“, се вели во објавата од компанијата.
Инаку, според последната состојба од Централниот депозитар за хартии од вредност, ОРКА Холдинг во моментов поседува 24,98 отсто од Жито Пелагонија.
Самите Жито Полог поседуваат сопствени акции од 20,6 проценти.
Тони Јосифовски распполага со 19,86 проценти од капиталот на мелничко пекарскиот комбинат.
Друштвото за реклами и маркетинг Лид Комуникејшнс има 12,51 отсто, додека пак акционерот Ненад Јосифовиќ има во свој посед 12,51 отсто од капиталот.
И, најмал акциомнер со над 5,13 отсто е градежната компанија Софија Градба, со 5,13 проценти од капиталот.
Исто така, 33 физички лица вкупно располагаат со 36,8 отсто од капиталот на оваа мелничко пекарска индустрија.
Основна дејност во “Жито Полог” АД – Тетово опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.
Веднаш откако компанијата Жито Полог објави дека до неа е доставена намера за преземање, Берзата ја стави на Листата за набљудување, што се прави со цел инвеститорите да бидат внимателни.
„Ве известуваме дека на 24.11.2023 година донесен е заклучок за внесување на издавачот Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото Жито Полог АД Тетово на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање јавна понуда за преземање на друштвото“, се вели во објавата од Берзата.
Н.Н.Ф.
