
ЏОРДАНКИТЕ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ МАЈКЛ НА АУКЦИЈА: Ќе бидат продадени за рекордна цена
Патиките што ги носеше легендарниот Мајкл Џордан за време на
неговото последно финале во НБА со Чикаго Булс во 1998 година се очекува да
бидат продадени за 2 и 4 милиони долари.
Со тоа ќе се
постави нов рекорд: „Air
Jordan 13“ ќе стане
најскапата патика што некогаш била продадена.
Во документарниот филм „Последниот танц“ од 2020 година,
јасно беше прикажано последното финале на шампионатот и моментите кога Џордан
го носеше иконскиот црно-црвен Air Jordan 13.
За време на вториот натпревар на Булс против Јута Џез,
славниот кошаркар постигна 37 поени за Булс, кои го добија тој натпревар.
Според аукциската куќа Sotheby, Џордан по натпреварот ги
соблекол патиките, ги потпишал со сребрено мастило и му ги дал на едно момче.
Аукцијата е закажана за 3-11 април, а Sotheby’s ги нарече
патиките „најпознатото парче спортски сувенири што постои“.
Ако се продаваат по нивната проценета цена, Air Jordan 13 ќе
постави рекорд за најскапа патика – некогаш продадена. Други два пара патики продадени за повеќе од 1
милион долари се Nike Air
Yeezi на Канје Вест за 1,8 милиони долари и Nike Air Ships на Џордан од 1,472
милиони долари.
Двата пара беа продадени во 2021 година.
ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE
