
Орце Ѓорѓиевски на средба со Здружението „Мобилност“: Скопје мора да биде град на еднакви можности!
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје. На средбата присуствуваа и кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителката на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска.
„Грижата за лицата со попреченост е прво човечка и морална должност, а потоа и обврска како градоначалник. Едно општество вреди онолку колку што се грижи за оние на кои поддршката им е најпотребна,“ истакна Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека неговата програма вклучува конкретни мерки за подобрување на условите за лицата со попреченост, како и иницијатива за поставување пристапни рампи и решенија за еднаков пристап за секој граѓанин, во соработка со сите градоначалници.
„Скопје мора да биде град на еднакви можности, град во кој никој нема да биде изоставен. Силата на еден град се гледа во неговата хуманост,“ порача Ѓорѓиевски.
