Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски во директна комуникација со скопјани: Граѓаните можат да закажат средба!
Македонија

Ѓорѓиевски во директна комуникација со скопјани: Граѓаните можат да закажат средба!

24/01/2026

AA

Иако е викенд, вратите на Град Скопје денеска се отворени за граѓаните. Првиот човек на градот, Орце Ѓорѓиевски, започна серија на средби „очи во очи“ со скопјани, со цел директно сослушување на нивните проблеми, идеи и предлози.

Ѓорѓиевски истакна дека неговата мотивација доаѓа токму од директниот контакт со народот. Покрај личните средби во кабинетот, градоначалникот остварува и телефонски разговори со оние кои не биле во можност физички да присуствуваат, нагласувајќи дека секоја порака заслужува внимание.

„Она што ме мотивира најмногу е поддршката од граѓаните кои искрено ми кажаа дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал и сослушал. Тоа е огромна чест, но и моја обврска. Градот е отворен за сите – без бариери и без игнорирање,“ порача Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје информираат дека секој пријавен проблем е веќе евидентиран и дека ќе се пристапи кон нивно системско решавање „чекор по чекор“. Намерата на оваа иницијатива е да се врати довербата на граѓаните во институцијата и да се покаже дека обврската кон луѓето не завршува со истекот на официјалното работно време.

Средбите со граѓаните се предвидени да траат во текот на целиот ден, а Ѓорѓиевски најави дека доколку има голем интерес, кабинетот ќе биде отворен и во недела.

Информација за граѓаните: Сите заинтересирани скопјани кои сакаат да остварат средба или да пријават проблем, можат да го сторат тоа на телефонскиот број за закажување: 02 3297 204.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВСКО СЛАТИНО Повредените биле однесени

24/01/2026
Македонија

Опремете се со трпение: Утре прекин на сообраќајот во Тетово

24/01/2026
Македонија

Приведено лице од Куманово, во куфер си пренесувал над пет

24/01/2026
Македонија

Филипче: СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е

24/01/2026
Македонија

БУГАРИН ФАТЕН КАКО ЛЕТА СО 205 КМ НА ЧАС ВО

24/01/2026
Македонија

Ѓорѓиевски во директна комуникација со скопјани: Граѓаните можат да закажат

24/01/2026
Македонија

Скопјанец пријавил тешка кражба, му украле од домот во Чаир

24/01/2026
Македонија

Две жени се степале поради паркинг на Бит Пазар

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40572
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ТЕТОВСКО СЛАТИНО Повредените биле однесени во болницата во Тетово

24/01/2026

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Тетово – село Јажинце, соопшти полицијата.

Опремете се со трпение: Утре прекин на сообраќајот во Тетово и Куманово, ќе се тестираат

24/01/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги информира граѓаните дека утре, недела (25.01.2026), во рамки на проектот „Безбеден град“, ќе се

Приведено лице од Куманово, во куфер си пренесувал над пет килограми марихуана

24/01/2026

На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул.”Јадранска магистрала” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy