Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – почнува новата ера!
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница – почнува новата ера!

12/11/2025

AA

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави дека е потпишана одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје. Проектот ќе се реализира на булевар „Македонија“, на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.

„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа“, соопшти градоначалникот, нагласувајќи дека оваа инвестиција ќе го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и ќе донесе нова динамика во срцето на градот.

Проектот предвидува изградба на шест ленти, од кои четири се за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки. Дополнително, ќе бидат изградени нов кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“.

Според Град Скопје, со завршувањето на подземната сообраќајница, централниот дел на градот ќе стане побезбеден, покомфорен и поуреден, а сообраќајот ќе се одвива непречено.

„Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под ‚Лимак‘, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека ова е еден од најзначајните проекти за градот и симбол на новото време за Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy