
Ѓорѓиевски на вечерна обиколка на проектите: Ќе вложиме труд, енергија и истрајност
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека продолжува со вечерни обиколки низ градот за да ги следи веќе отпочнатите проекти, но и за да ги подготви новите.
„Скопје нема време за чекање. Ќе вложиме труд, енергија и истрајност во секоја општина, на секоја улица, во секое маало,“ изјави Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека целта е градот повторно да застане исправено, убаво и гордо, со дух што ќе го препознава секој што ќе зачекори во него.
Во Бутел, на недоговорена средба, градоначалникот го сретнал и колегата Дарко Костовски, каде ги финализирале деталите за изградбата на мега парк кој ќе донесе нова зелена сила и модерен простор за идните генерации.
„Градиме со визија. Скопје го правиме заедно. А најдоброто допрва доаѓа,“ порача Ѓорѓиевски.
