
Ѓорѓиевски: Градоначалникот на Центар е свесен човек
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја поздрави реакцијата на неговиот колега од Општина Центар, Горан Герасимовски, кој со своето „Фиат 500“ се појави на терен за време на големата акција за чистење на градот.
Според Ѓорѓиевски, гестот на Герасимовски покажува свесност и подготвеност за заедничко делување во интерес на граѓаните.
„Според реакцијата на градоначалникот на Центар, изгледа дека градоначалникот е свесен човек и излегол во таква една активност, и тој објави слики, затоа што е добро нешто што го работиме да го споделиме со јавноста“, вели Ѓорѓиевски.
Акцијата „72 часа чисто Скопје“ започна од платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, со ангажирање на десетици камиони, цистерни и комунална механизација.
