
Ѓорѓиевски го посети првото родено бебе во Новата година: Малата Евгенија е симбол на надежта
Точно на полноќ, во првите секунди од новата година, Скопје ја пречека својата прва жителка во 2026 година. Малата Евгенија Камчева е првото родено бебе во главниот град, носејќи радост и надеж за почеток на една поубава и поплодна година.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати срдечни честитки до мајката Емилија и семејството Камчеви, истакнувајќи дека секој нов живот е потсетник за заедничката обврска кон идните генерации.
„Нека малата Евгенија расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува и да напредува. Наша должност и најголема одговорност е да градиме подобра иднина и посигурна држава за секое дете,“ порача Ѓорѓиевски.
