Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски: ЕБОР го откочи БРТ, следува набавка на дополнителни автобуси
Македонија

Ѓорѓиевски: ЕБОР го откочи БРТ, следува набавка на дополнителни автобуси

04/02/2026

AA

Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје повторно е ставен во функција, што отвора можност за проширување на плановите за набавка на нови автобуси за јавниот превоз. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје.

Одговарајќи на прашања поврзани со состојбите во јавниот транспорт, Ѓорѓиевски информираше дека од кредиторот Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнало официјално писмо со кое се откочува проектот за БРТ системот.

„Сакам ексклузивно за јавноста да споделам дека утринава добивме писмо од ЕБОР, со кое конечно се деблокира проектот за БРТ. Нашата обврска сега е формирање проектна единица и измена на планот за јавни набавки. Покрај 100 автобуси за главниот град, преку БРТ ќе бидат обезбедени дополнителни 30. Наместо ветените 80, Скопје ќе добие вкупно 130 нови автобуси“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека, по разговорите со премиерот Христијан Мицкоски, се очекува најголемиот дел од планираните 100 автобуси да бидат испорачани во текот на оваа година.

„Не можам да гарантирам дека сите 100 автобуси ќе пристигнат годинава, бидејќи тоа не зависи директно од нас, но можам да потврдам дека Град Скопје ќе започне паралелен процес и за БРТ и за набавката на автобусите“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски информираше и дека ЕБОР ги продолжил роковите за реализација на БРТ системот до март.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44751
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy