Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ѓорѓиевски: ЕБОР го откочи БРТ, следува набавка на дополнителни автобуси
Македонија

Ѓорѓиевски: ЕБОР го откочи БРТ, следува набавка на дополнителни автобуси

04/02/2026

AA

Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје повторно е ставен во функција, што отвора можност за проширување на плановите за набавка на нови автобуси за јавниот превоз. Ова денеска го соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на седницата за советнички прашања во Советот на Град Скопје.

Одговарајќи на прашања поврзани со состојбите во јавниот транспорт, Ѓорѓиевски информираше дека од кредиторот Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) пристигнало официјално писмо со кое се откочува проектот за БРТ системот.

„Сакам ексклузивно за јавноста да споделам дека утринава добивме писмо од ЕБОР, со кое конечно се деблокира проектот за БРТ. Нашата обврска сега е формирање проектна единица и измена на планот за јавни набавки. Покрај 100 автобуси за главниот град, преку БРТ ќе бидат обезбедени дополнителни 30. Наместо ветените 80, Скопје ќе добие вкупно 130 нови автобуси“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека, по разговорите со премиерот Христијан Мицкоски, се очекува најголемиот дел од планираните 100 автобуси да бидат испорачани во текот на оваа година.

„Не можам да гарантирам дека сите 100 автобуси ќе пристигнат годинава, бидејќи тоа не зависи директно од нас, но можам да потврдам дека Град Скопје ќе започне паралелен процес и за БРТ и за набавката на автобусите“, додаде градоначалникот.

Ѓорѓиевски информираше и дека ЕБОР ги продолжил роковите за реализација на БРТ системот до март.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Занаетчиите предупредуваат: Наглото зголемување на минималната плата може да ја

04/02/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ АЛИУ СМЕТА ДЕКА СЕ МАЛИ ШАНСИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА

04/02/2026
Македонија

Клековски: Во 2025 година направени речиси 14.000 хируршки интервенции за

04/02/2026
Македонија

НЕМА ВЕЌЕ ЗАКАЖУВАЊЕ ОПЕРАЦИИ ПРЕКУ ВРСКИ Отворен портал за неитни

04/02/2026
Македонија

Гаши во Вашингтон: Посветеноста на Македонија кон НАТО и САД

04/02/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: ЕБОР го откочи БРТ, следува набавка на дополнителни автобуси

04/02/2026
Македонија

СО ЗАПАЛЕНИ ГУМИ ГО ЗАПРЕА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ БИТОЛА-РЕСЕН Нови

04/02/2026
Македонија

„Сакам да работам“ до „Шанса за Центар“: Не терајте дневна

04/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41033
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Занаетчиите предупредуваат: Наглото зголемување на минималната плата може да ја загрози нивната работа

04/02/2026

Занаетчискиот сектор и малите семејни бизниси во земјава се наоѓаат пред можни сериозни финансиски предизвици поради најавеното зголемување на минималната

МИНИСТЕРОТ АЛИУ СМЕТА ДЕКА СЕ МАЛИ ШАНСИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МОЗОЧНИТЕ ТКИВА Некоја од институциите

04/02/2026

Министерот за здравство Азир Алиу побарал да се анализираат податоците поврзани со испраќањето ткива од мозоци на македонски пациенти на

Клековски: Во 2025 година направени речиси 14.000 хируршки интервенции за тумори

04/02/2026

Раното откривање и третманот на канцерот во земјава бележат зголемена активност, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување за 2025

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy