Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОПШТОКОРИСНА РАБОТА КАКО САНКЦИЈА: Словенците ги упатуваат прекршителите да работат на комунални или хуманитарни активности
Регион

ОПШТОКОРИСНА РАБОТА КАКО САНКЦИЈА: Словенците ги упатуваат прекршителите да работат на комунални или хуманитарни активности

26/02/2025

AA

Во Словенија
функционира системот за општокорисна работа како начин на санкционирање на
луѓето кои не ги почитувале законите и сториле одредени прекршоци. Тие се упатуваат на
хуманитарни или комунални активности во корист на заедницата.

Од словенечката
Управа за пробација при Министерство за правда за Фактор велат дека кај нив
многу ретко или скоро и да не се случуваат настани како тој во Скопје, каде
млади лица кршеа урбана опрема и сега се бара начин преку општокорисна работа
да надоместат за штетата, но и во иднина, другите да не се решат да го
направат истото.

„Во 2024 година
Управата за пробација извршила 2.270 
задачи, од кои 1.874 се за работа од општ интерес. Од нив 906 од
наредбите биле за општокорисна работа со заштитен надзор“, објаснуваат од
словенечкaта Управа за пробација.

Велат дека  задачите се извршуваат само за возрасни, а за
малолетни лица, се одговорни Центрите за социјална работа, вклучително и за
општественокорисна работа. Додаваат дека кога судот ќе нареди општокорисна
работа наместо затвор или парична казна, тој секогаш мора исто така да наложи и
 заштитен надзор кој опфаќа помош, надзор
и заштита и може исто така да наметнете една од следните девет упатства: 1)
лекување во соодветна здравствена установа, вклучувајќи, со согласност,
лекување од алкохол или зависност од дрога; 2) присуство во соодветно стручно,
психолошко или друго советувалиште; 3. оспособување за професија или прифаќање
на вработување соодветно на здравјето на осудениот; способности и склоности; 4)
користење на приходите во согласност со обврските за одржување; 5) забрана за
здружување со одредени лица; 6. забрана за директен или индиректен контакт со
едно или повеќе наведени лица, вклучително и од електронски средства за
комуникација; 7) забрана за приближување кон жртвата или кое било друго лице; 8)
забрана за пристап до одредени места; 9. вклучување во една или повеќе услуги
за социјална заштита на центарот.

„Лицата вршат
општокорисна работа во организација (на пр. локална
власт, невладини организации, непрофитни организации) со кои соработува Одборот
за пробација со договор. Во моментов имаме 916 договори. За секое лице има конкретен
давател, се склучува и тристрана спогодба потпишана од надлежната единица,
давателот и лицето упатено кај тој давател. Давател каде што едно лице врши општокорисна
работа може да биде секое правно лице во Република Словенија кое врши хуманитарни
или комунални активности, активности од областа на заштитата на природата или
други активности од јавен интерес, под услов да не врши такви активности само
со цел остварување профит“, додаваат од словенечката Управа за пробација.

Во
земјава, Центар е првата општина што покрена
иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат
општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но од оваа општина доставија иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно
прифатена. Слични
проблеми има и во другите општини во државата. Се очекува во најскоро време,
оваа инцијатива да биде преточена во закон.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy