Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП!
Спорт

Општина Ѓорче Петров ѝ врати 62 акции на Македонија ЃП!

29/08/2023

AA

Општина Ѓорче Петров со одлука на Советот денеска ѝ врати 62 акции на актуелниот куп-победник Македонија ЃП, со цел клубот да креира нови перспективи и да изнајде нови инвеститори со цел дополнителен развој на македонскиот прволигаш кој две години по ред го освојува пехарот во нашето најмасовно натпреварување.

Одлуката за враќање на акциите во таборот на „лавовите“ ја објави градоначалникот на општија Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој беше и на тренингот на ѓорчепетровци, кои имаат пет освоени бода по пет кола досега во сезонава, најавувајќи и дека поддршката од општината кон македонскиот прволигаш ќе продолжи.

„На последната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше донесена Одлука за давање согласност за оттуѓување на правата на сопственост на хартиите од вредност во ФК ,,Македонија Ѓорче Петров 1932” – АД Скопје, односно Општина Ѓорче Петров ќе ги подари овие акции на ФК Македонија ЃП 1932. Оваа одлука практично придонесува клубот да креира нови перспективи кои ќе овозможат поголем развој за самиот клуб, како и привлекување на инвеститори кои би сакале да вложуваат во спортот, конкретно во ФК Македонија Ѓорче Петров 1932. Оваа одлука којашто е донесена од страна на Советот, покрај тоа што ќе му олесни на клубот при управувањето, конечно ќе ја прекине лошата традиција политиката да биде вмешана во спортот. Политиката и политичарите мора да бидат настрана од спортот и во клубовите да фигурираат и да придонесуваат, исклучиво луѓе коишто се дел од спортот и коишто навистина на вистински начин ќе придонесат за развој и нови спортски успеси“, објави Стојкоски, додавајќи:

„Општина Ѓорче Петров и јас како градоначалник остануваме цврста и силна поддршка на ФК Македонија Ѓорче Петров и посакуваме во иднина клубот да се развива и да прерасне во европски клуб кој ќе биде репрезент за почит насекаде во светот, а секако при тоа да биде наша најголема гордост и радост како и досега“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy