Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Карпош реагира: Станбениот објект е според план и ги има сите дозволи!
Македонија

Општина Карпош реагира: Станбениот објект е според план и ги има сите дозволи!

03/02/2024

AA

Општината Карпош реагира за протестите кои се случија кај Воената болница, а се однесуваат на најавената 17-катница.

„Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и Градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани. Општина Карпош продолжува да се развива.

Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош. Општина Карпош во изминатиот период интензивно работеа на создавање на услови за нови инвестиции.

Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра.

Оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери економисти, трговци итн.

Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина. Општина Карпош како и секоја локална самоуправа во светот ќе продолжи да создава услови за нови инвестиции, а со тоа и за отворање на нови работни места. Политиката на блокада нема да не поколеба да продолжиме да се бориме со деструктивните струи и да носиме инвестиции. Општина Карпош беше лидер и ќе ја вратиме да биде “Општина лидер” по инвестици во Скопје, Македонија па и регионот“, велат од општината

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy