Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Центар ќе го затвори Дебар Маало за сообраќај за викендите – нов режим со рампи и казни!
Македонија

Општина Центар ќе го затвори Дебар Маало за сообраќај за викендите – нов режим со рампи и казни!

14/06/2025

AA

Од петок во 18:00 часот до понеделник во 06:00 часот наутро, скопското Дебар Маало ќе биде затворено за сообраќај, како дел од новото сообраќајно решение на Општина Центар кое има за цел да стави крај на хаосот со паркирањето и метежот за време на викендите, пишува СДК.МК

Според информациите, во првата фаза ќе се постават рампи на четири влезни точки: улиците Орце Николов, Ленинова, 29 Ноември и булеварот Климент Охридски. Жителите ќе влегуваат со посебни картички, а сите други ќе можат да престојуваат најмногу 15 минути. Надминување на времето ќе се казнува со 3.000 до 6.000 денари.

„Во моментов за викендите во Дебар Маало владее хаос. Нема место за паркинг и џабе со колите се вртат кругови низ улиците. Сообраќајот е целосно закрчен, а пешаците немаат каде да се движат“, велат од Општина Центар, објаснувајќи ја потребата од новиот режим.

Дополнително, ќе биде воспоставен и ограничен режим за камионите за дотур на стока, кои ќе можат да влегуваат само од 07:00 до 09:00 часот наутро. Прекршувањата ќе бидат санкционирани.

Општината уверува дека нема законски пречки за воведување на ваквиот систем, бидејќи не се ограничува слободата на движење, туку се регулира престојот и паркирањето на возилата.

Во моментов се чека одобрување од Министерството за внатрешни работи и од Град Скопје, по што ќе се пристапи кон имплементација на решението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy