Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Општина Битола ќе даде по 10.000 денари на семејствата на осудените за 27 април – СДСМ прашува: За ова ли се задолжувањата на општините?
Македонија

Општина Битола ќе даде по 10.000 денари на семејствата на осудените за 27 април – СДСМ прашува: За ова ли се задолжувањата на општините?

24/04/2023

AA

Советот на општина Битола донесе одлука семејствата на осудените за упадот во Собранието на 27 април да добијат еднократна финансиска помош од 10 илјади денари.

Одлуката помина со мнозинство гласови од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои не ја појаснија иницијативата на говорница, додека пак советниците од СДСМ и од независната група Поинаку не присуствуваа на седницата на советот.

Од СДСМ преку соопштение велат дека се прави злоупотреба на пари во општинината за осудени од 27 април и партиски членови.

„27 април е најцрниот датум во современата македонска историја, настан во реализација на ВМРО-ДПМНЕ, настан за кој низ судска, отворена постапка се изречени ефективни затворски казни за виновниците.

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола да им се додели финансиска помош на партиски членови и роднини на осудените лица за 27 април е злоупотреба на пари на граѓаните на општина Битола.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.

Тоа е истата режимска, насилничка партија, која овој пат заедно со Левица троши народни, општински пари за финансиски да поддржува лица осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, лица кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Додека ги покачува цените на услугите за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ парите од општинската каса ги дели на партиски членови.

За ова ли се задолжувањата на општините кои по налог на шпицниот Мицкоски го спроведуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ?“, додаваат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy