
ОПСАДНА СОСТОЈБА КАЈ НОВИ ПАЗАР ПО УБИСТВОТО НА ВАХАБИСТОТ РАМОВИЌ: Полицијата не дозволува да се пријде
Опсадна состојба е во селото Хотково во околината на Нови
Пазар откако оваа сабота во судир со полицијата загина вахабистот Сенад Рамовиќ
Бечан.
Како што дознава Euronews
Србија, Рамовиќ одбил да се
предаде и при апсењето пукал во полицијата, поради што припадниците на
Специјалната антитерористичка единица го ликвидирале.
-Целата населба е блокирана, а полицијата не дозволува да се
пријде, јавува репортерот на
Euronews Србија.
Во селото на територијата на Нови Пазар влегла само итната
екипа која ја констатирала смртта на Рамовиќ.
Вехабистот
Сенад Рамовиќ Бечан е убиен синоќа
во судир со полицијата во близина на дивиот премин кај административната линија
со Република Косово, во областа Нови Пазар. Тој претходно беше осуден на 13,5 години затвор за тероризам, а во
една прилика изјави дека подготвува терористички напад во Белград.
Беше
уапсен во 2007 година по вооружена пресметка со полицајци во селото Трнава кај
Нови Пазар. Тогаш беа уапсени уште 14
соработници на Рамовиќ.
Тие беа обвинети за планирање на убиството на тогашниот
муфтија Муамер Зукорлиќ, како и за подготовка на терористички напади во Белград
и Нови Пазар.
фото: Euronews Print Screen
