
Опозицијата во Германија покрена истрага против Олаф Шолц за измама
Опозицијата во Германија покрена истрага против канцеларот Олаф Шолц за измама вредна 30 милијарди евра. Обвиненијата се за вмешаност во скандал со затајување данок од големи размери. Случајот датира повеќе од пет години, кога Шолц сè уште беше градоначалник на Хамбург.
Според обвиненијата, окружната управа одвоила пари за трошоци што никогаш не ги имала. Скандалот започна уште во изборната кампања во 2021 година, но сега се појавија нови детали кои ја доведуваат во прашање одбраната на Шолц. Истрагата најверојатно ќе започне по Велигден.