
Опозицијата е за шетање по Македонија во блузончиња на патентчиња, бели капути и трубачи, рече Ковачевски
На денешната прес конференција премиерот Димитар Ковачевски беше прашан што мисли за коментарите од опозицијата дека преку иборот на компании за надзор на изградба на коридорот 8 и 10Д се шири руско влијание во државава.
-Тоа се изјави во очај. Тие не се за работа, тие се давање изјави и шетање по Македонија во блузончиња на патентчиња и бели капути со трубачи. За тоа се. Откако тоа го нема и откако сватија дека владиното мнозинство е зголемено на 65 пратеника и откако видоа дека е почнат најголемиот инвестициски проект почнаа со веќе видено. Ова не чини, она не чини. Не се шири руско влијание. Во светот постои соработка мегу корпорации од различни држави.

