
Опожарен „Мерцедес“ во Прилеп, од пожарот зафатена и куќа
На 20.12.2023 околу 01.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Киро Базерко“ во Прилеп било опожарено паркирано патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп. Возилото целосно изгорело, а од пожарот била оштетена и фасада на куќа.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
